четврток, 23 април 2026

Пентагон одобри уште 1.000 војници за евакуацијата од Кабул (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на трупите кои ќе помагаат во извлекувањето на американските државјани и авганистанските соработници сега се качи на 6.000, пренесува Ројтерс.

Американскиот извор додаде дека станува збор за 1.000 војници од 82. воздушно-десантна дивизија, која веќе била во состојба на готовност.

Првично 3.000 војници требаше да ја обезбедуваат евакуацијата на Американците од Кабул.

Утре седница на Советот за безбедност на ОН за Авганистан

Советот за безбедност на обединетите нации утре ќе одржи итна седница посветена на ситуацијата во Авганистан.

Седницата на Советот за безбедност ќе биде одржана во 16 часот на барање на Естонија и Норвешка, јавува Асошиејтед прес.

Според дипломати на ОН, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе ги информира членките на Советот за ситуацијата откако талибанците ја преземаа авганистанската престолнина Кабул.

Талибанците денес соопштија дека ја контролираат целата територија на Авганистан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата откако исламистичките милитанти денес влегоа во Кабул.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ