недела, 26 април 2026

Папата Франциско пристигна во Будимпешта, каде што ќе служи миса и ќе разговара со Орбан

Објавено на

часот

Сподели

Сите очи ќе бидат вперени во неговата кратка средба со Орбан, со кого папата, застапник за прифаќање мигранти и толеранција кон ЛГБТ-популацијата, би можел да има несогласувања.

Авионот на папата слетал околу 7.45 часот, објави новинар од агенцијата Франс прес, кој се наоѓа во авионот. Папата треба да ја напушти Будимпешта во 14.45 часот и да замине во соседна Словачка, каде што ќе помине три дена во државна посета.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе има средба од околу 30 минути во Музејот за ликовни уметности во Будимпешта со унгарскиот премиер, на која ќе присуствуваат претседателот Јанош Адер и двајцата највисоки претставници на римската курија.

Прашањето е дали папата Франциско, познат по отворениот говор, зад затворени врати ќе постави прашања што ги смета за важни, како што е прашањето за мигрантите и толеранцијата кон ЛГБТ-популацијата, што може да бидат непријатни теми за Орбан.

Приемот на бегалци од сите региони што тропаат на вратите на богатите земји, а бегаат од војни или економска беда, е нешто за што аргентинскиот папа постојано се залага, што понекогаш наидува на недоразбирања дури и во католичките редови.

Папата дојде во Будимпешта по покана на Меѓународниот евхаристиски конгрес, следејќи ги стапките на Јован Павле Втори, кој присуствуваше на настанот во 1985 година во Најроби, Кенија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ