четврток, 23 април 2026

Откриено е колку површина изгорела во Грција. Премиерот: Ова е катастрофа

Објавено на

часот

Сподели

Пожарите оставија двајца загинати, стотици останаа без домови, а илјадници биле евакуирани. Економската штета, како и штетата врз животната средина, сè уште не е проценета, но ќе биде голема.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати до јавноста, опишувајќи го „мегаогнот“ како „најголема еколошка катастрофа во последните децении“, пренесува АФП.

„Климатската криза е тука… и ни кажува дека треба да промениме сè“, им рече тој на новинарите, споменувајќи ги разорните пожари во Турција, Италија и Алжир.

Само во пошироката област во Атина, пожарите минатата недела уништија повеќе од 150 домови.

Премиерот им се заблагодари на пожарникарите, волонтерите и локалното население за спасување на домовите и деловните простории, но десетици згради и куќи сепак се уништени во пожарите.

На грчките пожарникари во борбата против големите пожари им помогна дождот што падна во текот на ноќта, пренесува агенцијата дпа.

На Евија, вториот по големина грчки остров по Крит, повеќето пожари се изгаснати, како и оние на јужниот дел на Пелопонез. Градоначалниците на полуостровот за локалните медиуми изјавија дека ситуацијата е многу подобра.

ТВ Скај пренесува дека првите капки дожд биле поздравени со автомобилски труби.

Пожарникарите предупредуваат дека ситуацијата е сеуште опасна – огнот сè уште гори и може повторно да се разгори, а во Грција дуваат силни ветрови.

Промената на времето предизвикало грмотевици, што предизвикале помали пожари западно од Атина и на северот од земјата, но тие брзо биле изгаснати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ