Уште пред талибанците да го заземат Кабул минатиот месец, половина од населението во земјата, или 18 милиони луѓе, зависеле од хуманитарна помош.
Се чини дека тој број ќе се зголеми поради сушата и недостатокот на храна, предупредуваат претставници на ОН и хуманитарните организации.
Поради ненадејното прекинување на милијарди странски донации за Авганистан, по падот на владата поддржана од Западот, поголем е притисокот врз програмите на ОН.
Меѓутоа, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш вели дека неговата организација има финансиски проблеми.
„Во моментов, Обединетите нации не можат ниту да исплаќаат плати на сопствените работници“, рече тој во петокот за новинарите.
На конференцијата во Женева, која започнува во понеделник попладне, ќе присуствуваат високи претставници на ОН, меѓу кои Гутереш, водачот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст Питер Маурер како и десетици претставници на влади, меѓу кои и германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас.
Околу една третина од 606 милијарди долари што ОН сакаат да ги соберат треба да ги користи Светската програма за храна на ОН.
Агенцијата откри дека 93 проценти од 1.600 Авганистанци кои учествувале во истражување спроведено во август и септември не консумирале доволно храна.






