среда, 6 мај 2026

Омикрон е потврден во 38 земји, досега без смртни случаи

Објавено на

часот

Сподели

Новата варијанта на коронавирусот, омикрон, е идентификувана во 38 земји, но досега не се пријавени смртни случаи кај лица заразени со овој сој, соопшти во петокот Светската здравствена организација (СЗО).

„Имаме пријави за омикрон во 38 земји во сите шест региони на СЗО“, рече таа, додавајќи дека податоците од Јужна Африка покажуваат дека бројот на случаи на омикрон во таа земја расте.

Се претпоставува дека има зголемен пренос, а податоците сугерираат дека омикрон предизвикува болести со различна тежина, од благи до тешки, и потребно е време да се утврди дали овој сој е одговорен за зголемените хоспитализации во Јужна Африка.

Таа исто така рече дека не е јасно дали постоечките вакцини се ефикасни против тој сој.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст рече дека појавата на омикрон-сојот е „конечниот доказ за тоа колку е опасна нееднаквоста во однос на вакцинацијата во светот“.
 
„Научниците постојано ја предупредуваа меѓународната заедница за опасностите од новите варијанти на местата каде што стапката на вакцинација е ниска“, рече Франческо Рока, претседател на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Москва.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ