Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува Ројтерс.
Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, мажот, чие име и националност не се наведуваат, удрил во билборд и запрел во близина на бензинска пумпа.
Мажот потоа излегол од автомобилот облечен во нинџа и со катана, јапонски самурајски меч, се упатил кон полициското возило.
Прво со катаната ја удрил едната полицајка по брадата, а потоа другата по главата.
Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот, го погодил во стомакот и му нанел сериозни повреди, па со хеликоптер бил префрлен во болница.
Двете полицајки добиле полесни повреди и исто така се пренесени во болница.
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен се огласи на Твитер со коментар за инцидентот и рече дека ја поддржува полицијата.
„При интервенција поради кражба на возила во Шербур, повредени се двајца полицајци. Поддршка за националната полиција“, напиша Дарманен на Твитер.






