недела, 26 април 2026

Објавена снимка од водачот на Ал каеда, се шпекулира дали сепак е жив

Објавено на

часот

Сподели

Разузнавачката група СИТЕ, која ги следи активностите на џихадистите на интернет, соопшти дека видеото е објавено во саботата, пренесува агенцијата АП.

Видеото го прикажува Ел Завахри, кој вели дека „Ерусалим никогаш нема да се претвори во еврејски“, и ги фали нападите на Ал каеда, вклучувајќи ги и оние што беа цел на руските војници во Сирија во јануари.

Според СИТЕ, Ел Завахри го споменал повлекувањето на американската армија од Авганистан по 20 години војна.

Неговите коментари, сепак, не мора да укажуваат дека ова е неодамнешна снимка, бидејќи договорот за повлекување на војниците со талибанците беше потпишан во февруари 2020 година, според СИТЕ.

Групата наведува дека исто така никаде не се слуша дека Ел Завахри споменува дека талибанците го презеле Авганистан и главниот град Кабул минатиот месец.

Гласините дека лидерот на Ал каеда починал се појавија на крајот на 2020 година, и оттогаш до оваа сабота, не се појави видеозапис или доказ дека е жив.

Египќанецот Ел Завахри стана лидер на Ал каеда во 2011 година, по убиството на Осама бин Ладен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ