Поранешниот претседател рече дека по 11 септември станало јасно дека Америка отсекогаш била дом на херои „што итаат кон опасноста за да го направат она што е правилно“, пишува АП.
Обама рече дека сликата што се врежала во неговата и меморијата на неговата сопруга Мишел тој ден не се остатоците и штетата, туку луѓето, и тој ги издвои пожарникарите што тој ден трчаа по скалите и волонтерите што дојдоа следните денови.
„Во последните 20 години одново и одново ги гледавме истата храброст и несебичност. Видовме пред 10 години кога, по долгогодишна упорност, нашата армија го изведе Осама бин Ладен пред лицето на правдата. Тоа го гледаме и денес кај лекарите и медицинските сестри, кои прават сѐ што можат за да спасат животи. Гледаме припадници на војската, од кои некои не биле ни родени пред 20 години, кои се изложени на ризик да ги спасат Американците и да им помогнат на бегалците од Авганистан да најдат подобар живот“, рече Обама.






