Градскиот совет едногласно го усвои предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, кој исто така е еден од авторите на Декларацијата за независност на Соединетите Држави.
Џеферсон држел повеќе од 600 робови во заробеништво на својата плантажа во Вирџинија, и со една од робинките имал шест деца.
Отстранувањето на статуата од градското собрание веќе неколку години го бараат латиноамериканските и црните градски советници.
Се очекува статуата да биде преместена во салата на Историското друштво на Њујорк.
Третиот американски претседател „Томас Џеферсон ги испишува некои од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја“, рече афро-американската советничка на Њујорк, Едриен Адамс.
Дебатата за присуството на оваа статуа во просториите на Градското собрание во Њујорк беше обновена од движењето „Црните животи се важни“, што беше предизвикано од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Во мај 2020 година во Минеаполис бел полицаец го задуши Флојд со притиснато колено на неговиот врат.






