петок, 24 април 2026

Новости: „Србија не сака во американската кал“

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува српскиот весник, без оглед на притисоците кои следат од страна на Западот, односно Америка, овој пат околу прашањето на Авганистан и кон бегалците од таа земја која ја заземаа талибанците по повлекувањето на меѓународните сили на чело со САД, Србија нема да се согласува на притисоци, а во донесувањето на одлуките ќе се раководи од своите интереси.

Заедничката изјава која ја иницираа САД, од регионот не ја потпиша ни Босна и Херцеговина, а ни Унгарија, а ја отфрлија и Русија и Кина.

Соговорниците на Новости истакнуваат дека Србија е независна, суверена држава, воено неутрална, дека сака тоа да остане и има најдобри можни односи и со Западот и со Истокот, па во согласност со тоа ќе ги мери и своите потези. Наведуваат дека не гледаат зошто сега би ги „наградувале“ САД за ситуацијата во Авганистан.

Сметаат и дека одлуката на Србија да не го потпише документот на Вашингтон нема врско со нивната солидарност со Русија и Кина, а уште помалку со аргументот за зависност од овие држави, туку исклучиво има врска со заштитата на српските интереси и демонстрирање на независноста.

Огнен Карановиќ, од Центарот за социјална стабилност, потсетува дека Србија ниту ги убедувала САД и нивните сојузници од НАТО да интервенираат во Авганистан, ниту на крајот ги терала, како што кажа, на толку срамен начин да ја напуштат таа земја и нејзините граѓани да им ги препуштат на талибанците.

„Бајден поради Авганистан го изгуби рејтингот, тој е на историски минимум откако влезе во Белата куќа и треба да се очекува дека ќе се заостри реториката кон оние кризи и предизвици во светот како Западниот Балкан. Притисоците врз Србија и нејзините позиции во регионот ќе се засилат. Особено околу БиХ, каде САД заговараат модификација на Дејтонскиот договор во поекстремен облик. Ќе заземе и цврст став околу прашањето на јужната српска покраина и тука притисоците преку „посредници“ како Грција и други држави од ЕУ кои не го признале Косово, а од кои се бара тој став да го сменат“, кажа Карановиќ.

Поранешниот шеф на југословенската дипломатија Владислав Јовановиќ за Новости вели дека американската интервенционистичка политика доживеала понижувачки дебакл во Авганистан, каде замокот кој го ѕидаа 20 години се урна како кула од карти за два дена.

„Западот под американската хегемонија почна колективно да ги обврзува другите земји да ги следат во она што наумиле. Тој вид барање колективна солидарност е анахроно, надминато и прилично одвратно. Власта во Авганистан меѓу првите пет држави ја призна независноста на Косово, односно по диктат на Вашингтон гласаше за разбивање на Србија. Зошто ние сега би трчале на некоја страна и на каков било начин би се определувале во сето тоа“, кажа тој.

Иако Србија со ситуацијата во Кабул нема апсолутно ништо, многу брзо ќе се соочи со сериозните последици на американската политика во Авганистан, а тоа е нова емигрантска криза. Проценките се дека поради победата на талибанците и напуштањето на Авганистан на волку хаотичен начин околу милион луѓе во првиот бран на миграција ќе тргнат кон Европа, па со самото тоа и кон Србија. ЕУ засега гледа во Вашингтон, додека САД очигледно не нудат никакво решение, заклучува Новости.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ