Предупредувањето го испрати човек кој тврди дека зборува во име на лидерот на картелот Жалиско нуева хенератион (ЈНГ).
Се жалат дека телевизијата Миленио е пристрасна кон таканаречените групи за самоодбрана чија цел е да се спротивстават на картелот. Во снимката тие директно ѝ се закануваат на новинарката Азусена Урести.
Тврдат дека картелот ја поддржува слободата на изразувањето во медиумите, но дека мора да постои објективно известување.
Toda mi solidaridad y apoyo para Azucena Uresti @azucenau
No estás sola..Aquí el vídeo donde la amenazan y la respuesta que dará el gran “humanista de cuarta”.. pic.twitter.com/wrHBf5IqcQ
— SharonSpS ⚔️ (@SharonSPcM) August 9, 2021
Маскираниот човек тврди и дека групите за самоодбрана, за кои тврди дека им се спротивставуваат на картелите, и самите се трговци со дрога.
Лидерот на картелот ЈНГ, Немесио Осегера Сервантес, е еден од најбараните криминалци во Мексико. Американската агенција за борба против дрогите нуди награда од 10 милиони долари за информации кои може да доведат до негово апсење.
Мексико е една од најопасните земји во светот за бавење со новинарство. Но, иако нападите врз локалните репортери се вообичаени, ваквите јавни предупредувања се ретки.
Телевизијата Миленио и Азусена Урести сè уште не ги коментирале заканите.






