среда, 6 мај 2026

Најкрвавиот масакр во американските училишта годинава: сѐ траеше 5 минути (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По пријавата за пукање, на местото набргу пристигнала полиција, која го опколила училиштето. Во меѓувреме, тинејџер (15) уби три лица на возраст од 14, 17, 16 години.

Осум лица добија тешки телесни повреди. Две лица се оперирани и се на интензивна нега, додека шестмина повредени се во стабилна состојба.

Полицијата сѐ уште ги истражува околностите што довеле до инцидентот во училиштето, но засега се сомнева дека осомничениот дејствувал сам. Тој бил уапсен без да даде отпор, откако испукал 15 до 20 истрели.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=5mug_YdC_pM autoplay:0]

„Сè траеше само пет минути“, изјави заменик-шерифот Мајкл Мекејб. По апсењето, осомничениот не сакал да разговара со полицијата, туку одбрал да се брани молчејќи.

„Сочувствувам со семејствата, кои минуваат низ незамислива тага поради загубата на најблиските“, рече американскиот претседател Џо Бајден.

Заменик-шерифот Мекејб го пофали училиштето и неговите вработени за подготвеноста за ваков настан и за навремената евакуација.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=f1qZMYe9VqU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ