Поштенските работници во гратчето Пескиера Боромео ја викнале полицијата откако во текот на ноќта го откриле писмото.
Полицијата соопшти дека на писмото испратено од Франција била наведена адресата „Папа, Ватикан, плоштад Свети Петар“.
Портпаролот на Ватикан немал коментар, пренесува Ројтерс.
Ил месаџеро пишува дека лицето кое го испратило писмото е идентификувано и дека од претходно ѝ е познато на полицијата.






