Како што кажа, институциите на Косово околу тоа прашање регуларно се координираат со американските сојузници во Авганистан, во НАТО и на Косово.
Засега не е познат точниот датум на нивното пристигнување.
„Тоа е прашање за организацијата на целиот овој процес на евакуација на авганистанските државјани од аеродромот во Кабул кон трети земји, а потоа кон нас на Косово. Ова е неверојатно голем логистички процес на американската војска, но и останатите НАТО сојузници и поради тоа немаме точен час, ден или датум на нивното пристигнување. Ние сме на услуга, во континуиран контакт, и со функционерите тука, и со американските службеници на лице место“, наведе тој.
Како што додаде, во моментов се разгледуваат неколку локации на Косово каде што тие ќе бидат сместени.
Косовскиот министер истакна дека лицата кои ќе дојдат на Косово од Авганистан нема да престојуваат долго, и дека Косово може да им пружи привремена заштита од една година.
„Сите што ќе дојдат, според проценката на нашите сојузници, се во ризик, и заедно со своите семејства“, додаде Свечља.
Тој кажа и дека сите тие ќе бидат подложени на процес на верификација, и од страна на косовските сојузници, но и од самата косовска држава.






