вторник, 5 мај 2026

На истокот на Турција се урна деловна зграда, 10 луѓе се заробени, 13 се извлечени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Дваесетина луѓе се наоѓале во зградата во време на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време“, кажа гувернерот на покраината Малатја Ајдин Барус.

Повеќе од два часа по почетокот на спасувачката акција десетина луѓе и понатаму биле заробени под урнатините, јави телевизијата Хабертурк.

Тринаесет лица се спасени и хоспитализирани, според владината агенција за управување со природни катастрофи Афад.

„Продолжуваат операциите на пребарување и спасување“, напиша на Твитер одговорниот за комуникации на турското претседателство Фахретин Алтун.

Две од повредените лица се во тешка состојба.

Малатја е град со 450.000 жители, на 500 километри воздушна оддалеченост од АНкара.

„Во еднокатницата на прометната улица во Малатја се наоѓаа разни дуќани, еден ресторан и кафуле“, кажа Енвер Кираз, претседател на локалната гранка на опозициската партија ЦХП. Тој додаде дека се повредени и минувачи.

Сè уште не се познати причините за уривањето, а локалните медиуми јавуваат дека на зградата биле вршени градежни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ