Судот одлучи во казната да биде пресметан и периодот од 5 ноември 2025 година, кога таа се наоѓала во домашен притвор, кој ѝ е продолжен. Барањето за поврат на 6.000 евра е одбиено, а со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес.
Судијката Ленка Давиткова во образложението наведе дека злоупотребите во овој случај ја поткопуваат довербата во администрацијата и може да имаат сериозни последици врз распределбата на средства за земјоделците.
Во предметот се опфатени и други лица, меѓу кои поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка, како и уште еден поранешен министер, кои се товарат за различни форми на посредување и поткуп во процесот на доделување средства од ИПАРД програмата.
По отворањето на случајот, Европската комисија привремено ја стопираше исплатата на околу 2,9 милиони евра од ИПАРД, кои подоцна беа одблокирани.






