сабота, 25 април 2026

Москва: Збогување со загинатиот руски министер, дојде и Путин (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече Путин, за него смртта на Зиничев претставува лична загуба. Вчера, рускиот лидер постхумно го одликуваше починатиот министер со медал „Херој на Русија“.

По церемонијата, ковчегот со телото на министерот ќе биде пренесен во Санкт Петербург, каде што Зиничев ќе биде погребен.

Министерот за вонредни ситуации на Русија, Евгениј Зиничев, трагично загина спасувајќи му го животот на режисерот Александар Мељник, за време на меѓуресорските вежби во Норилск.

Зиничев служел во вооружените сили на СССР во Северната флота. Работел во органите за државна безбедност на СССР, а потоа и на Русија. Накратко беше вршител на должноста гувернер на Калининградската област. Во ноември 2016 година беше назначен за заменик-директор на руската ФСБ, а во 2018 година, со декрет на претседателот на Русија, Зиничев стана шеф на Министерството за вонредни ситуации. 

Во декември минатата година го доби чинот генерал на армијата. Тој исто така беше член на Советот за безбедност на Русија и член на поморскиот колегиум на Владата на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ