Рускиот амбасадор во Соединетите држави Анатолиј Антонов изјави дека Русија тагува заедно со САД и дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот предводен од министрите за надворешни работи на двете сили во 2018 и 2019 година за борба против тероризмот.
„Руската страна е подготвена да ги почне тие преговори. Тоа е нашиот природен приоритет“, напиша Антонов на фејсбук-страницата на руската амбасада, и покрај комплицираните билатерални односи меѓу двете земји.
„Мораме да ги оставиме настрана сите спорови и да работиме заедно во корист на безбедноста и напредокот, не само за Русија и САД, туку и за човештвото“, додаде тој.
Тој ја изрази благодарноста на Русија до САД за размената на информации, што овозможило да се спречат атентати во Санкт Петербург во 2017 и 2019 година.
Веќе затегнатите односи меѓу Русија и САД дополнително се влошија кога Џо Бајден, откако стана претседател во јануари 2020 година, го засили притисокот врз Кремљ.
Во мај, Русија ги прогласи САД за „непријателска“ земја.
Русија во петокот објави дека го поканила американскиот амбасадор да разговара со цел да му достави „непобитни докази“ за прекршувањата извршени од американските технолошки гиганти пред парламентарните избори во Русија што ќе се одржат во септември.






