недела, 26 април 2026

Мицотакис: Ќе го блокираме бранот авганистански бегалци

Објавено на

часот

Сподели

„Не може да имаме европски земји кои веруваат дека Грција сама треба да го реши овој проблем и дека нив ова воопшто не ги засега бидејќи можат да ги држат своите граници цврсто и херметички затворени“, рече Мицотакис на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Грција изјави дека не сака повторно да биде порта кон Европа.

Се стравува дека, поради новите талибански власти во Авганистан, може да се повтори сценариото од 2015 година, кога речиси милион Сиријци, Иранци и Авганистанци избегаа во Европа преминувајќи од Турција во Грција.

Мицотакис рече дека грчката влада добила солидарност од ЕУ во смисла на финансиска помош, „но, Грција е таа што ја врши работата: крајбрежната стража, полицијата и вооружените сили. И ќе продолжиме да го правиме тоа“.

Грција подигна ограда долга 40 километри во регионот Еврос, на границата со Турција и објави тендери за изградба на објекти за мигранти кои ќе се наоѓаат на острови во близина на Турција, поради што доби критики од групите за човекови права.

„Имаме инфраструктура во случај да се соочиме со нов бран (од Авганистан)“, рече Мицотакис, додавајќи дека доколку е потребно Грција може да ја продолжи оградата на границата во Еврос.

„Ќе ги скршам и уништам мрежите за трговија со луѓе“, рече тој. „Нивните потенцијални клиенти ќе знаат дека би можеле да платат 1.000 долари или 2.000 долари и да не стигнат до Грција“, вели тој.

Тој оцени дека најдобриот начин за Европа да се солидаризира е да се согласи за заедничка политика за азил, но додаде дека не е оптимист по тоа прашање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ