среда, 15 април 2026

Меркел го претстави првиот квантен компјутер во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Германската канцеларка Ангела Меркел го претстави првиот квантен компјутер инсталиран во Германија од американскиот компјутерски гигант ИБМ, додека Европа е активна во унапредувањето на оваа надежна технологија.

Компјутерот „Кју систем уан“ е инсталиран во близина на Штутгарт во соработка со германски експерти и работи од април.

Тоа е првиот квантен компјутер на групата ИБМ надвор од САД.

„Германија е меѓу најдобрите во истражувањето на квантната технологија и има намера и да остане така“, рече канцеларката, која за време на студиите напиша теза од областа на квантната хемија.

Квантната технологија се користи за многу моќни компјутери поради физичките својства на исклучително малите честички.

Наместо „битовите“ што се користат за класичните компјутери, квантниот свет користи „кјубитови“, кои можат да прават неколку работи паралелно, и тоа многу брзо.

Иако квантната технологија сè уште е во експериментална фаза, еден ден може да овозможи за рекордно време да се решат прашањата што се премногу сложени за сегашните компјутери.

Франција и Германија имаат цел да бидат меѓу лидерите во таа област.

Француските власти во јануари најавија инвестиции од 1,8 милијарда евра за пет години, а Германија ќе издвои две милијарди за изградба на квантен компјутер до 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ