недела, 26 април 2026

Меркел: Црна Гора е најнапредната држава-кандидат за членство во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Црна Гора е најнапредната држава-кандидат за членство во Европската Унија“, кажа Меркел на ручекот, се наведува во соопштението.

Се наведува и дека Меркел „ја нагласи важноста на идејата за заеднички регионален економски пазар, кој, според неа, ќе им користи на сите држави од Западен Балкан“.

Црногорската влада порача дека „Кривокапиќ ѝ се заблагодари на Меркел за признанието за Црна Гора и за препознавањето на реформскиот и европскиот курс на новата влада“.

„На работниот ручек дополнително беше истакната потребата во наредните години да се продолжи работата во рамки на Берлинскиот процес, како една од најзначајните дипломатски иницијативи од 2014 година, чија цел е проширување на ЕУ. Во таа смисла е изразена желбата сите западнобалкански држави посветено да работат на процесите на внатрешните реформи, за процесот на ЕУ интеграциите да тече побрзо и поинтензивно“, се наведува во соопштението на црногорската влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ