Џерусалем пост и други медиуми се повикаа на соопштение од Израелското здружение на увозници на жито, во кое се наведува дека компанијата за увоз на жито била принудена да го одбие бродот, пренесува агенцијата Ројтерс.
Компанијата Зензипер, која наводно е увозник на житарките, не одговори веднаш на барањето за коментар испратено по електронска пошта.
Украина и Израел разменија дипломатски обвинувања оваа недела откако Киев го осуди она што го нарече купување жито произведено на украинска територија што моментално е окупирана од Русија. Украина се закани со санкции против оние кои се обидуваат да профитираат од житото.
Киев смета дека целото жито произведено во петте региони окупирани од Русија, вклучувајќи го и Крим, е украдено и протестираше против неговиот извоз во други земји од страна на руските компании.
Москва тврди дека овие пет региони се дел од нејзина територија. Тие се меѓународно признати како украински. Москва не коментираше за правниот статус на житото собрано во тие области.
Портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, напиша на социјалната мрежа Икс во средата дека Киев сè уште не доставил никакви докази дека житото е украдено. Марморштајн не одговори веднаш на барањето за коментар во четвртокот за статусот на товарот.






