Полицијата во Капитол соопшти дека полицајците „реагирале на сомнително возило во близина на Конгресната библиотека“. Зградата се наоѓа во близина на Капитол и Врховниот суд. Полицијата ги евакуирала луѓето од двете згради на Конгресната библиотека, Џеферсон и Медисон, и зградата Канон хаус.
„Ова е активна истрага за закана со бомба”, напиша УСЦП на Твитер.
NOW: The USCP is responding to a suspicious vehicle near the Library of Congress.
Please stay away from this area and follow this account for the latest information. pic.twitter.com/LMBYBTJn4t
— U.S. Capitol Police (@CapitolPolice) August 19, 2021
Вработените во Конгресот изјавија дека биле информирани дека човекот во возилото рекол дека има бомба.
Полицијата проверува дали навистина станува збор за експлозивна направа и дали човекот во камионетот има детонатор. Полицајците во моментов преговараат со човекот во возилото, пишува Си-ен-ен.
Конгресот не заседавал оваа недела поради летната пауза, но вработените и помошниците во парламентот доаѓале во зградите околу Конгресот.
Зградите на библиотеката и Конгресот се евакуирани, а сите што се нашле во други згради добиле упатство да се држат подалеку од вратите и прозорците, објавија американските новинари од местото на настанот.
Зградата на републиканската партија, неколку стотини метри подалеку, исто така е евакуирана, изјави новинар на Вашингтон пост, повикувајќи се на анонимен извор.
Мажот дошол со црн камионет пред Конгресната библиотека во 9:15 часот по локално време, тврдејќи дека има бомба и на полицаецот му покажал нешто што личело на детонатор, изјави Том Мејнџе, началник на полицијата во Капитол.
Мејнџе рече дека осомничениот го објавил видеото во живо на Фејсбук и дека полицијата го има „веројатното име“ на осомничениот, но додаде дека „во моментов немаат многу информации за него“.
„Во моментов не знаеме кои му се мотивите“, рече тој.
Осомничениот објави видео на Фејсбук кое траеше половина час. На него се гледа како човек зборува за „револуција“ и држи предмет за кој вели дека е бомба.
Областа околу Капитол е под строги безбедносни мерки по крвавиот упад на поддржувачите на Доналд Трамп на 6 јануари.
На 2 април, еден полицаец загина, а еден беше повреден кога млад човек во автомобил се залета во оградата на влезот, по што полицијата го застрела.






