„Немојте да нагаѓате кога ќе замине Лукашенко. Многу брзо“, кажа тој на прес-конференцијата „Голем разговор со претседателот“.
Белорускиот лидер наведе дека повеќе пати размислувал како ќе се развива ситуацијата, ако на негово место дојде друг човек, пренесуваат руските агенции.
„Тоа е најтешкото прашање (за наследникот“. Зошто е тешко? Би можел да одговорам со зборовите на мојот добар пријател и постар брат Владимир Путин: кого белорускиот народ избере тој и ќе биде претседател. Тоа е навистина така. За кого ќе гласа народот. Каков став ќе имам јас тогаш, сè уште не знам. Чесен збор. Мислам на тоа, што е природно. Ова не е вечна должност“, додаде Лукашенко.
Додаде дека 15-20 луѓе имаат потенцијал да седнат на местото претседател и дека по својата посветеност на Белорусија се слични на Лукашенко.






