Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во вторникот дека алијансата ќе побара разговори со Москва на почетокот на 2022 година за тензиите поврзани со концентрацијата на руските сили на границата со Украина, пренесува Ројтерс.
Москва побара од Западот безбедносни гаранции, вклучително и ветување дека НАТО нема да има воени активности во Источна Европа, објаснувајќи дека безбедноста на Русија е загрозена од зголемените врски на Киев со алијансата, како и можноста ракети на НАТО да бидат распоредени на украинска територија.






