сабота, 25 април 2026

Лавров: Америка го поткопува православието во светот

Објавено на

часот

Сподели

Според него, главната цел на неканонската Православна црква на Украина е конфискација на имотот на Московската патријаршија, а зад тоа стои Америка.

„Колку се сериозни изјавите дека Американците ѝ се посветени на целта да го поткопаат православието во светот? Ние тоа го знаеме, а тие не го кријат“, рече Лавров на 25-от форум за современо новинарство „Сета Русија 2021“, пренесе агенцијата РИА Новости.

Тој потсети дека за време на мандатот на Доналд Трамп, американскиот претседател имаше специјален пратеник за слобода на вероисповедта, кој активно работел на тоа цариградскиот патријарх Вартоломеј да им додели томос (црковен чин на признавање) на расколниците во Украина – со што е формирана неканонската Православна црква во Украина.

„Сега главната грижа е да земеме имот, цркви и парохии од канонската УПЦ – Московската патријаршија“, истакна Лавров.

Според него, цариградскиот патријарх Вартоломеј е директно зависен од Соединетите Држави. Лавров посочи дека слично сценарио за создавање независни цркви постои во Белорусија и Црна Гора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ