недела, 26 април 2026

Курц: Пандемијата заврши, со исклучок за невакцинираните

Објавено на

часот

Сподели

Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните не се безбедни и мора да имаат негативни тестови и ФФП2 маски за ресторани, продавници, јавен превоз, посочи Курц.

Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се занимаваат со мерките, но сепак има 30% од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, па затоа мора да знаат дека во некој момент ќе се заразат со корона.

„Токму поради невакцинираните, сè уште се потребни минимум мерки. Претпочитам сè да е отворено за 70% од населението, отколку сè да затвориме“, објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Партијата на слободата на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.

„Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај се работи за живот и смрт. Па, би сакал посериозен пристап од таа партија“, нагласи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ