четврток, 23 април 2026

Косовски аналитичари: Приливот на бегалци е безбедносен ризик, се очекува инфилтрација на талибанци

Објавено на

часот

Сподели

Османи, како што наведува новинар на РТС од Приштина, соопшти дека државјаните на Авганистан, каде што талибанците ја презедоа контролата и во неделата влегоа во главниот град Кабул, ќе подлежат на безбедносна проценка од САД и дека привремено ќе престојуваат на Косово, „додека не се прилагоди нивната документацијата за заминување во САД“.

Веднаш по барањето на САД, косовската влада формираше работна група што ќе се занимава со организациски прашања заедно со американските партнери, рече Османи.

Османи рече дека американскиот амбасадор во Приштина Филип Коснет и го препратил на 16 јули барањето од американскиот претседател Џозеф Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен за Косово да им обезбеди привремено засолниште на авганистанските цивили, кои се сега мета на талибанците, како локални работници ангажирани во работа со американските сили и западните сојузници.

Оправдувајќи го планот за прием на авганистанските бегалци, Османи изјави дека „никој не знае подобро (од Косовците) што значи да бидеш прогонет и да го напуштиш местото каде што си растел и да бидеш принуден да бегаш за да спасиш живот“.

Во исто време, јавноста во Косово е поделена околу најавата за прием на авганистански бегалци.

Во многуте коментари на различни аналитичари доминираат предупредувањата дека „Косово е должно да одговори на повикот на САД“, но и дека „приливот на бегалци е безбедносен ризик за Косово“, главно поради очекуваната инфилтрација на талибанците, објави порталот Косев.

Нуредин Ибиши, претставен во косовските медиуми како експерт за безбедносни прашања, вели дека во одлуката за прифаќање бегалци гледа „елементи на инфилтрација на талибанци и вознемирувачки елементи“.

Неговиот став го дели и Дризан Шала, кој смета дека приемот на бегалци е „добра работа во хуманитарна смисла“, но предлага претпазливост.

„Во долготрајниот процес постои опасност за Косово дека ќе дојде до инфилтрација на талибанци во цивилното население и дека тоа ќе има последици“, рече Шала.

Албанскиот премиер Еди Рама, исто така, во неделата објави дека Албанија ќе прифати бегалци од Авганистан кои по повлекувањето на САД и западните сојузници сакаат да ја напуштат земјата во страв од одмазда од талибанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ