недела, 26 април 2026

Комшиќ: Не може од Србија да се прави газда на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

„Германската канцеларка одбра таков формат на средбата, не знам зошто. Кај Вучиќ отиде уште еднаш да му даде поддршка, што сметаме дека е лоши и испраќа лош сигнал, но тоа е така. Не гледам зошто канцеларката отиде кај Вучиќ на гости освен тоа“, кажа Комшиќ.

Тој истакна дека од Србија „не може да се прави газда на Балканот и дека сите земји мора да имаат рамноправен третман“.

„Од таква сериозна земја како што е Германија и сериозна личност како Меркел очекувате да бидат подобро информирани“, кажа Комшиќ.

„Нема дилема дека на институциите во Берлин им недостасуваат некои информации, само е прашањето што е целта на таа политика. Ако е целта да се прави од Србија регионален шеф, тоа нема да помине. Можеме да бидеме еднакви и само на таа основа можеме да разговараме. Нема повеќе газди на Балканот“, кажа Комшиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ