понеделник, 4 мај 2026

Командниот брод на американската Шеста флота плови кон Црно Море

Објавено на

часот

Сподели

„Командниот брод на Шестата флота на американската Воена морнарица Маунт Витни го почна транзитот на север, до Црно Море, каде што ќе изведува операции со нашите НАТО-сојузници и со партнерите во регионот”, наведено е во соопштението.

На крајот на минатата недела командата на САД и НАТО соопштија дека во Средоземно и во Црно Море ќе бидат изведени вежби, чија цел е осигурување безбедност и стабилност во регионот.

Освен тоа, американскиот разурнувач Портер, вооружен со крстосувачки проектили, пред два дена вплови во Црно Море, но не е познато дали неговото праќање во регионот е поврзано со најавената вежба, пренесува агенцијата РИА Новости.

Разурнувачот Портер го следат силите на руската Црноморска флота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ