вторник, 23 јуни 2026

Киев прогласи вонредна состојба: Харков нападнат со дронови и ракети

Украинскиот главен град Киев рано утрово прогласи тревога за воздушен напад, а властите ги повикаа граѓаните да побараат засолниште.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ова се случи откако претседателот Володимир Зеленски минатата недела предупреди дека Русија се подготвува за голем напад.

Во објава на социјалната мрежа Телеграм, властите во Киев ги повикаа граѓаните веднаш да се евакуираат.

Вториот по големина украински град Харков беше нападнат со беспилотни летала и две ракети, објави градоначалникот Ихор Терехов на Телеграм. Едно лице е повредено во нападите, додаде тој, без да даде дополнителни детали.

Тревогата од напад се огласи во услови на зголемени тензии и очекувања за интензивирање на руската офанзива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ