вторник, 23 јуни 2026

Ким Џонг Ун ги обвини САД за поттикнување војни: Единствена заштита ни е нуклеарното оружје

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека земјата целосно ќе ја искористи својата позиција како нуклеарна сила и дека тоа е единствениот начин да се справи со непредвидливата и комплицирана глобална безбедносна ситуација, пренесува денеска државната новинска агенција КЦНА.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Незамисливи и зачудувачки инциденти и настани“ се случуваат поради „разбојничката“ алчност на хегемонските сили, што ги прави конфликтите низ целиот свет сè понасилни, рече Ким, обвинувајќи ги САД за влошување на крвопролевањето во Европа и на Блискиот Исток.

Ким зборуваше на седницата на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, која започна во саботата, а заврши вчера.

Ким ги обвини САД и Јужна Кореја дека ја прават безбедносната ситуација на Корејскиот Полуостров поопасна со континуираното надградување на нивниот комбиниран нуклеарен арсенал, чија единствена цел, рече тој, е да ја нападнат Северна Кореја.

„Постојаното проширување и зајакнување на нуклеарните сили и целосното користење на позицијата на нуклеарна сила е најправилниот и единствен начин за активно и самоуверено справување со непредвидливата меѓународна воено-политичка ситуација која стана комплицирана на многу начини“, пренесува КЦНА.

Ким, исто така, нареди зајакнување на конвенционалното оружје и забрзување на изградбата на стратешки крстосувач со наведувани ракети од 10.000 тони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ