вторник, 5 мај 2026

Како изгледа новата престолнина на Египет што никнува во пустина (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека овој град станува нов дом за меѓу 50.000 и 60.000 луѓе што работат во државната администрација, вклучително и за вработените во 33 министерства.

Премиерот на Египет, Мустафа Мадбули, претходно најави дека за време на последниот квартал од 2021 година работните групи ќе почнат да работат во новиот град, кој се наоѓа 45 километри источно од сегашната престолнина, за да ја испробаат работата во новите згради и да бидат сигурни дека тие се подобни за живеење и за работа. Првобитно беше планирано со преселувањата да се почне во средината на минатата година, но коронавирусот ги наруши тие планови.

До идејата за изградба на нов главен град лидерите на државата дојдоа поради пренаселеноста на Каиро и проценките дека до средината на овој век во него би можело да живеат дури 40 милиони жители.

Во рамките на првата завршена фаза на работите се изградени осум станбени населби на површина од 40.000 хектари, во кои може да живеат до два и пол милиони луѓе. Таму се наоѓа и владиниот округ, кој е дизајниран во фараонски стил, Претставничкиот дом и многу национални и меѓународни училишта и универзитети.

Завршени се и спортските, културните и уметничките објекти, а некои од знаменитостите на овој град ќе бидат Зелената Река, која го сече срцето на престолнината и е долга 11 километри, а покрај нејзиниот брег се наоѓаат паркови и ресторани, како и 20 облакодери, вклучително и најголемата зграда во Африка, висока 345 метри.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=gAQ6oS0TqgY autoplay:0]

Планот е целокупната површина на градот да изнесува 70 квадратни километри, што значи дека ќе биде двапати поголема од Каиро. Ќе се состои од 21 станбен и 25 наменски окрузи.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=78sygtkQPyI autoplay:0]

Во него се наоѓаат и централен парк, вештачки езера, околу 2.000 образовни институции, технолошки и иновациски парк, 663 болници и клиники, 1.250 џамии и цркви, стадион со 90.000 места, 40.000 хотелски соби, 90 километри фарми на соларна енергија, железнички пруги по кои ќе се сообраќа до Каиро и нов меѓународен аеродром на местото на постојниот аеродром Вади ал Џандали.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=6wDBGcNtQCM autoplay:0]

Се верува дека овие објекти ќе донесат 100 милиони нови работни места. Ќе го населуваат 6,5 милиони жители, иако се проценува дека овој број би можело да порасне и до седум милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ