По тој повод, градоначалникот Томихис Тауе укажа на сè поголемата закана од новата трка за нуклеарно оружје. Јапонија, единствената земја која досега била жртва на атомски бомби, мора да стори повеќе за да обезбеди свет без такво оружје, рече Тауе. Тој повторно ја повика јапонската влада да се приклучи на договорот на Обединетите нации од 2017 година, со кој се забранува нуклеарно оружје.
Минута молчење се одржа во 11:02 часот за да се одбележи точниот момент кога на 9 август 1945 година беше фрлена бомба врз тој град. Само во Нагасаки веднаш загинаа 70.000 луѓе, а други 75.000 беа повредени.
Три дена претходно, САД веќе фрлија бомба врз Хирошима. Јапонија конечно се предаде на 15 август 1945 година.
Градоначалникот на Хирошима побара да се одржи минута молчење на Олимписките игри во Токио, но Меѓународниот олимписки комитет го одби барањето.






