среда, 6 мај 2026

Избрана за премиерка, поднесе оставка истиот ден, сега повторно е премиерка

Објавено на

часот

Сподели

Андерсон на таа позиција беше избрана минатата недела и така стана првата жена премиер во историјата на Шведска. Меѓутоа, само осум часа по доаѓањето на функцијата, таа поднесе оставка. Таа тогаш донесе одлука да се повлече бидејќи нејзиниот предлог буџет не беше изгласан во собранието.

Шведските пратеници денес повторно гласаа за неа.

Претседателот на шведскиот парламент Риксдаг Андреас Норлен кажа дека жали за тоа што се случило минатата недела, а откако повторно ги анкетирал лидерите на партиите, заклучил дека ќе гласаат повторно за избор на Андерсен.

Се очекува таа овој пат да даде заклетва на позицијата шеф на владата, и така да го наследи Стефан Левен кој поднесе оставка.

Иако претходно беше избрана на неколку часа пред да ја поднесе оставката, таа официјално не ја презема должноста.

Тоа традиционално се прави по претставувањето на владата на кралот, што е закажано за петок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ