вторник, 5 мај 2026

Итен состанок на Советот за безбедност поради ситуацијата на полско-белоруската граница

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот, кој ќе се одржи зад затворени врати, се свикува по барање на Естонија, Франција и Ирска, наведуваат изворите.

Не стивнуваат тензиите меѓу Полска и Белорусија, која е поддржана од Русија и која Варшава денеска ја обвини за „државен тероризам“.

Во вторникот, придружувани од белоруски служби, група од околу 800 мигранти пристигна во близина на граничниот премин кај Кужњица, Полска, главно од Ирак и Блискиот Исток, претежно помлади мажи, но и жени со деца, и се обидоа со сила преку боцкавата жица да се пробијат до Полска, но беа спречени од кордон полицајци и солзавец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ