вторник, 5 мај 2026

Иран бара од САД гаранција дека нема да се повлечат од нуклеарниот договор

Објавено на

часот

Сподели

Индиректните преговори меѓу Иран и Соединетите Држави, кои заглавија во јуни по изборот на тврдокорниот ирански претседател Ебрахим Раиси, би требало да продолжат на 29 ноември во Виена за да се пронајдат начини за повторно воспоставување на договорот што Вашингтон го напушти пред три години и повторно воведе санкциите на Иран.

Повторувајќи ја официјалната позиција на Иран, портпаролот на Министерството за надворешни работи Саид Хатибзадех рече дека Вашингтон мора да ги укине сите санкции наметнати на Техеран од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој, исто така, додаде дека Вашингтон треба „да ја препознае својата грешка во откажувањето од договорот“.

САД минатата недела рекоа дека договорот што ќе го спаси договорот за иранската нуклеарна програма е можен „наскоро“ по продолжувањето на преговорите на 29 ноември во Виена, под услов Иран да биде „сериозен“ во своите намери.

Суперсилите, кои потпишаа историски договор со Исламската Република во 2015 година со цел да го спречат производството на атомска бомба, сè по упорно бараа Иран да одреди датум за да се врати на преговарачката маса.

Американците еднострано се повлекоа од договорот во 2018 година за време на мандатот на Доналд Трамп, кој го оцени како недоволен и повторно воведе санкции кон Иран.

Техеран, пак, постепено се откажа од ограничувањата наметнати на неговата нуклеарна програма.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ