вторник, 5 мај 2026

Хрватското новинарско друштво: Дежуловиќ е изложен на институционален линч

Објавено на

часот

Сподели

ХНД во соопштението наведе дека е „особено загрижувачко што таквите јавни осуди кон новинарот ги изнесува Министерството на бранителите институционализирајќи го притоа линчот на новинарот и задушувањето на слободниот збор“, пренесува Хина.

„Предупредуваме дека колегата Дежуловиќ во последните неколку дена примил повеќе од сто сериозни закани и закани со смрт, од кои некои ги пријавил во полиција“, наведе ХНД и ги повика институциите да го заштитат Дежуловиќ од сите облици на заплашување, закани и прогон, како и секој друг новинар кој поттикнува важни јавни расправи како што е оваа.

„Прогонувачите на Дежуловиќ упорно и намерно на јавноста ѝ ја подметнуваат тезата дека колегата со текстот грубо ја навредил жртвата на Вуковар и неговите граѓани. На секој кој го прочитал споменатиот текст од почеток до крај му е јасно дека намерата на авторот била исклучиво да го критикува односот на државната и локалната власт кон Вуковар, однос во кој разни политички опции децении внимателно го балсамираат за да го задржат во состојба погодна за нивните политички интереси, во кој неговото постоење се сведува на место на посебен пиетет, а не град погоден за живот“, наведено е во соопштението на ХНД.

Дежуловиќ, наведува ХНД, „со право укажува на егзодусот кој се случува поради практичното занемарување на тој град и немањето каква било политичка стратегија освен онаа комеморативната. Токму таа и само таа проблематика ја истакнува во својата колумна, користејќи го својот единствен препознатлив стил, но сè во јавниот интерес, најпрво во интересот на граѓаните и граѓанките на Вуковар“.

ХНД наведува дека Дежуловиќ со таа тема се бави континуирано и потсетува дека за текстот „Вуковар: споменик на мртвиот град во природна големина“ објавен на 19 ноември 2013 година ја доби престижната награда Јуропиан прес прајз, европскиот Пулицер за најдобар коментар во конкуренција на повеќе од 400 новинари од цела Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ