вторник, 5 мај 2026

Хаос во Хјустон, најмалку осуммина загинаа во стампедо на фестивал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат вознемирувачка сцена на болничари кои реанимираат луѓе кои лежат на подот во масата луѓе на фестивалот Асто ворлд во Хјустон, кој го организира раперот Тревис Скот.

Третиот годишен фестивал привлече голем број посетители од кои некои не сакале повеќе да чекаат да ги отворат капиите и да влезат во просторот ограден за одржување на фестивалот. Во трката и туркањето што побрзо да се мине низ капиите и да се влезе внатре повредени се голем број посетители.

Шефот на локалната пожарникарска служба Сем Пена кажа дека дошло до гужва кај предниот дел на бината и дека настанала паника. На лице место се видени повеќе десетици возила на брза помош, здравствени работници и друг персонал.

Пожарникарската служба на Хјустон наведе на Твитер дека нивните екипи се наоѓаат на лице место откако биле известени за „повеќекратни повреди на цивили“. Како што се наведува, изведена е кардиопулмонална реанимација на најмалку две лица.

Најлошиот дел на инцидентот се случил во 21:15 часот по локално време, кога околу 50.000 луѓе тргнале кон бината, кажа шефот на локалните пожарникари.

„Масата почна да се турка во дело пред бината, и луѓето почнале да паничат“, кажа Пена.

[video:https://youtu.be/hTSMMCKeGfg autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ