сабота, 2 мај 2026

Гувернерот на Тексас забрани воведување обврска за вакцинација против корона

Објавено на

часот

Сподели

Со овој потег, републиканскиот гувернер Абот му се спротивстави на американскиот претседател Џо Бајден, демократ, кој во последниве месеци ги повикува работодавците низ целата земја да им наложат на своите вработени да се вакцинираат против коронавирус или да им се заканат со отказ.

„Вакцината против коронавирус е безбедна, ефикасна и е нашата најдобра одбрана од вирусот, но треба да остане доброволна, а не наметната“, напиша Абот во изјавата.

Во наредбата се наведува дека „ниту еден субјект во Тексас“ не може да бара доказ за вакцинација од било кое лице, како што се неговите вработени или клиенти.

Технолошките гиганти Фејсбук и Гугл (Алфабет) побараа од своите вработени да поседуваат сертификат за вакцинација за да можат да се вратат во своите канцеларии, и двете компании вработуваат голем број луѓе во Тексас. Авиокомпанија Американ Ерлајнс им нареди на своите вработени во САД да приложат сертификат за вакцинација до 24 ноември, во спротивно ќе добијат отказ. Тие наметнаа обврска за вакцинација на 60.000 нивни вработени од САД, од кои околу 9.000 се од Тексас.

Обврската за вакцинација стана горливо политичко прашање во Соединетите Држави и многу конзервативци веруваат дека со тоа државата ги надминува своите овластувања, додека застапниците обврската ја сметаат за клучна во борбата против коронавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ