вторник, 5 мај 2026

Ѓукановиќ: Големосрпскиот национализам повторно ја нападна Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

“Големосрпските националисти оваа година ги скршија забите на Црна Гора и допрва ќе ги скршат“, порача Ѓукановиќ, пренесува РТЦГ.

На прашањето како го доживеал дочекот на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ во Белград, тој оцени дека станува збор за „поголем срам за домаќинот отколку за гостинот“.

“Тоа е непочитување на химната, знамето, почесната гарда и на самата Србија. Да се дозволи таков начин на дочекување висок државен гостин од која било земја е сериозен фаул“, смета Ѓукановиќ.

Коментирајќи ја ситуацијата во регионот, тој оцени дека сите влошувања на политичките и на безбедносните состојби, како и затворањето на европската перспектива, најдрастично се преломуваат преку Босна и Херцеговина.

“Пропуштени се 26 години со имплементација на Дејтонскиот договор да се обезбедат претпоставки за функционалност на Босна и Херцеговина“, рече Ѓукановиќ.

Тој истакна дека, поради разни компромиси што се правени на штета на БиХ, дојде до обновување и засилување на национализмите.

“Големодржавните национализми што ја загрозија БиХ не се погребени, иако доживеаја пораз. Беше претеран оптимизам верувањето дека тие идеи се погребени“, рече Ѓукановиќ.

Според неговите зборови, домашните националисти искористија многу неконзистентности во политиката на меѓународната заедница.

“Го чекаа своето време, посакуваа заострување на односите, го прославуваа наводното јакнење на Русија на меѓународната сцена, иако сметам дека е зајакнат само нејзиниот деструктивен потенцијал“, оцени Ѓукановиќ.

Покрај констатацијата дека руската деструктивна политика многу се размавта спрема Западен Балкан, претседателот на Црна Гора додаде дека мисли дека тоа не е само деструктивна туку и автодеструктивна политика.

На прашањето дали е можна војна во БиХ тој кажа дека не би исклучил ниедно сценарио.

“Веќе со години предупредувам дека Европска Унија и НАТО една соба во европската куќа им препуштија на други, што не е неодговорно само спрема Балканот туку и спрема Европа и НАТО“, наведе Ѓукановиќ.

Европската Унија, како што кажа тој, спрема Балканот се однесува како спрема регион во кој европските вредности се подразбираат.

“Тука има голема борба за промоција на европските вредности што отвори простор за ретроградни политики. Кога би успеал проектот на великосрпскиот национализам, би дошло до нови конфигурации“, рече Ѓукановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ