Ѓукановиќ ја истакна загриженост поради, како што кажа, обновената ретроградна идеја во регионот и истакна дека Црна Гора мора да се брани, со полна свест дека е најважно да се зачуваат мирот, стабилноста, меѓуетничките и меѓуверските односи и оцени дека тоа се „најголемите придобивки на модерна Црна Гора, одбранети во последните 30 години искушенија, за време на кои Црна Гора беше прибежиште за припадници на разни вери и нации“.
Ѓукановиќ, како што соопшти неговиот кабинет, искажал висока почит за моралниот и духовен углед на Светиот престол во светот и благодарност за поддршката која папата Франциско во неколку наврати ѝ ја упатил на Црна Гора и порачал дека се надева дека папата ќе ја посети Црна Гора, кога тоа ќе биде можно, зависно од развојот на пандемијата.






