На тој начин се потсмева со Вашингтон и хаотичниот колапс на авганистанскиот режим кој го поддржуваше Вашингтон, а кој го остави зад себе.
Жао Лиџијан објави снимка на својот профил на Твитер истакнувајќи дека Авганистан е „гробишта на империите и нивните воени машини“. Како што истакна дипломатот на министерството за надворешни работи, на снимката се гледа како талибански милитанти врзуваат јаже на крилото на заробено летало и го користат како лулашка.
The graveyard of EMPIRES and their WAR MACHINES. Talibans have turned their planes into swings and toys….. pic.twitter.com/GMwlZKeJT2
— Lijian Zhao 赵立坚 (@zlj517) September 9, 2021
Исламистичката група, која сега го контролира Авганистан, зароби големо количество американска и западна воена опрема за време на нивното брзо напредување во летните месеци. Иако голем дел беше уништен при хаотичното повлекување, талибанците добија оружје на НАТО и на авганистанската војска вредно милијарди долари, пренесува РТ.
Жао, кој е познат по своето дипломатско критикување на Вашингтон, често го коментира повлекувањето на САД од Авганистан, споредувајќи го со неуспешната војна во Виетнам.






