сабота, 25 април 2026

Грција: Не фалсификувајте сертификати, ќе бидеме безмилосни

Објавено на

часот

Сподели

Тоа, кажа заменик министерката за здравје Мина Гага, особено се однесува на вработените во здравствениот систем.

„Лажните сертификати се проблем кој прилично нè вознемирува. Засега ги има малку, па тоа може да се провери“, кажа Гага и предупреди дека во случај на измама ќе бидат преземени сите законски мерки, пренесува Екатимерини.

Прецизираше дека се издадени налози сите случаи да се истражат, особено откако на сила стапи законот за задолжителна вакцинација на здравствените работници.

Прашањето на лажните сертификати дојде во фокусот на вниманието претходно месецов кога беше откриено дека еден вработен во центар за вакцинација во градот Кардица се логирал на платформата на таа установа користејќи лозинка на доктор и издал 44 лажни сертификати за вакцинација.

Од тогаш такви случаи се случуваат секој ден, а неколку медицински работници веќе се суспендирани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ