вторник, 5 мај 2026

Граѓаните на ЕУ се скептични кон успешното намалување на емисиите на јаглерод до 2050

Објавено на

часот

Сподели

Граѓаните на ЕУ (75 отсто) сметаат дека самите тие се позагрижени поради климатската криза отколку нивните држави. Наспроти тоа, испитаниците од Кина (69 отсто) веруваат дека поради климатската вонредна состојба повеќе е загрижена нивната влада отколку самите граѓани, се наведува во соопштението на ЕИБ.

Во Кина 41 отсто од анкетираните како главна причина поради која е тешко да се реши климатската криза го наведуваат тоа дека луѓето не сакаат да го променат своето однесување.

Истражувањето на ЕИБ, спроведено во 30 земји, покажува дека повеќето граѓани на Европска Унија, Велика Британија, САД и Кина сметаат дека климатските промени и нивните последици се најголемиот предизвик на човештвото во 21 век, што е особено доминантно кај помладите луѓе.

Луѓето низ целиот свет се залагаат за поостри мерки што би наметнале промени во однесувањето на луѓето за да може да се реши климатската криза – 91 отсто испитаници од Кина, 70 отсто граѓани на ЕУ и 60 отсто Американци би ги поддржале тие мерки.

Додека граѓаните на ЕУ (63 отсто) и Кинезите (60 отсто) главно се залагаат за обновливите видови енергија, тоа е случај само кај 50 отсто Американци.

Поддршката за природниот гас како преоден извор на енергија е ниска, но во однос на другите извори е поголема кај Американците (18 отсто се за природен гас), отколку во другите региони (во Кина се 13 отсто за, во ЕУ шест отсто).

Нуклеарната енергија е попопуларна опција кај Британците (15 отсто) и кај граѓаните на ЕУ (12 отсто) отколку кај Американците (девет отсто) и испитаниците од Кина (пет отсто).

Многу испитаници сметаат дека најодржлив извор на енергија за решавање на климатската криза е тој што не се користи – 22 отсто испитаници од Кина, 17 отсто Американци и граѓани на ЕУ, а 16 отсто Британци наведоа дека приоритет треба да биде заштедата на енергијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ