Во вежбата учествуваа околу 2.000 војници и над 200 оклопни возила, а трупите на брегот во близина на границата со ЕУ пристигнаа во полна борбена опрема.
Путин претходно присуствуваше на воената вежба во улога на врховен командант на оружените сили на Русија, која се одржува заедно со Белорусија, Ерменија, Индија, Казахстан, Киргистан и Монголија.
Девет полигони во Русија, вклучувајќи го Балтичкото Море, и пет во Белорусија се домаќини на заедничката воена вежба која ја загрижува Украина.
Дел од вежбата е одржана во Калининград, вклучувајќи голем десант во кој учествувала и Балтичката флота.
[video:https://youtu.be/4pplmESnvXc autoplay:0]





