Како што дознаваат хрватските медиуми, полицијата рано утринава раководена од УСКОК „тропнала“ на вратите на повеќе лица во Загреб.
Индекс пренесува дека е уапсен генералниот директор на Хрватската радио телевизија (ХРТ) Казими Бечиќ.
Наводно станува збор за сомнеж за вршење корупциски кривични дела и тоа главно врзани за работењето на загрепските градски власти.
Според неофицијални информации, станува збор за сомнеж во вршење кривични дела извршени за време на поранешната градска управа на Милан Бандиќ, на кракот на минатата и во првата половина на оваа година.
Меѓу уапсените се наводно неколку познати лица.






