Истрагата против Финансиската разузнавачка единица (ФИУ) сака да утврди дали било наредено да се занемарат предупредувањата за сомнителни трансфери на пари.
ФИУ е агенција на министерството за финансии која ја води социјалдемократот Олаф Шолц.
Претресот се случува во одлучувачки момент за Шолц кој, според истражувањето на јавното мислење, има добри шанси да биде избран за иден германски канцелар на изборите на 26 септември оваа година.
Портпаролот на обвинителството кажа дека истрагата е почната по добивањето жалби дека ФИУ не реагирала на предупредувања за сомнителни трансакции вредни милиони евра кои се одвивале во периодот од 2018 до 2020 година, меѓу другото и кон Африка.
Шолц неодамна изјави дека ФИУ го зголемила бројот на вработените од 165 на речиси 500 и вложила големи средства во подобра опрема.
Обвинителството пак тврди дека, откако ФИУ презела контрола над перењето пари, бројот на извештаи за сомнителни активности драматично се намалил. Обвинителите исто така соопштиле дека претходни истраги откриле опсежна комуникација меѓу ФИУ и министерствата кои биле претресени.
Според тврдењата на лицата запознаени со работата на ФИУ, агенцијата веќе со години се бори со предупредувања за сомнителни трансфери на пари.
Шулц го коментираше случајот кажувајќи, меѓу другото, дека обвинителите своите прашања „можат да ги испратат по писмен пат“.
ФИУ одби да го коментира случајот.
Истрагата доаѓа во момент кога напорите на Германија во борбата против перење пари ја проценува организацијата Фајненшал екшн таск форс (ФАТФ), меѓународно здружени чија цел е спречување финансиски криминал.






