Баербок (40) ќе ја преземе функцијата на почетокот на декември, како дел од владината коалиција формирана во средата со социјалдемократите и либералите.
Зелените, исто така, објавија дека нивниот втор потпретседател Роберт Хабек ќе раководи со „супер министерството“ кое ги обединува климата и економијата.
Аналена Баербок ќе го замени социјалдемократот Хеико Маас во Министерството за надворешни работи. Покрај тоа што е првата жена, таа е и најмладата личност на таа позиција во германската историја.
За време на предизборната кампања, таа вети дека ќе ја оживее германската дипломатија, особено со заземање поостар тон кон Русија и Кина.
На Европската унија ѝ треба „силна, отворена, но активна германска надворешна политика“, рече Баербок во мај.
Противничка на гасоводот Северен тек 2, кој треба да овозможи транспорт на руски гас, адвокатката специјализирана за меѓународно право, смета дека различниот пристап кон авторитарните режими е „клучен за идната влада, безбедноста и вредностите“.






