Долниот дом на парламентот, кој го има последниот збор во донесувањето на одлуката, го усвои предлог-законот за „здравствена будност“, кој горниот дом, Сенатот, во четвртокот вечер го одби.
Според законот, ковид-пропусницата важи до 31 јули, освен ако во меѓувреме владата не одлучи поинаку. Исто така, остануваат во сила мерките како што се ограничување на собирањето и движењето на луѓето во борбата против коронавирусот.
Законот им овозможува на директорите на училиштата да ги прашуваат учениците дали се вакцинирани против коронавирусот.
Француската влада во средата соопшти дека од следната седмица повторно ќе биде задолжително носењето маски во основните училишта во 39-те департмани каде што се регистрирани зголемен број заразени со коронавирусот.






